
ЗА ZEN
ZEN СЕ ПРИРОДНИ СОКОВИ НАПРАВЕНИ ОД ВНИМАТЕЛНО ОДБРАНИ ВИДОВИ НА ОВОШЈЕ ОД МАКЕДОНСКИ ОВОШТАРНИЦИ
ZEN соковите се прават само од најдобрите состојки добиени од природата. Ладно цедиме само здраво, зрело овошје со цел да добиеме максимална количина на сок од овошјето и го чуваме во еколошки стаклени шишиња за да го зачуваме оригиналниот вкус и свежина. Во нашите сокови никогаш не додаваме концентрати, конзерванси, шеќер и вода – нежно пастеризираме за да ги задржиме сите хранливи состојки и здравствени придобивки. Специјалниот рецепт и изборот на овошје им дава на нашите сокови уникатен и незаборавен вкус. Поради нивните природни состојки, нашите сокови се препорачуваат на деца и бремени жени, како и на сите што се грижат за своето здравје.