Политика на приватност

Политиката на приватност се однесува на доверливоста на информациите содржани на веб страната www.zen.mk  и со користење на оваа веб страна се собираат и чуваат во базата на податоци на Гобекс Плус Дооел како  сопственик на веб страната www.zen.mk  во согласност со законот на СРМ со цел да се  заштити приватноста на корисниците.

Со пристапување или користење  на оваа веб страна, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со политиката на приватност и начинот на употреба на веб страната www.zen.mk . Во случај  крајниот корисник да не се согласува со оваа Политика на приватност  треба веднаш да престане со користење на веб страната www.zen.mk . Оваа политика на приватност  компанијата Гобекс Плус Дооел може да ја измени во секое време преку објавување на нова политика на приватност во делот на веб страната  наменет за Политика на приватност. Новата политика на приватност стапува на сила веднаш по нејзиното објавување на веб страната. Крајниот корисник е одговорен самостојно да ги следи промените на страната и да ги воочи промените во оваа Политика на приватност. Континуирано користење на веб страната www.zen.mk  значи дека крајниот корисник ги прифаќа условите во најновата верзија на Политиката на приватност објавена на веб страната. Веб страната не е наменет за корисници помлади од 18 години и тие не смеат да ја користат веб страната www.zen.mk .

Во случај на користење на веб страната  од страна на краен корисник помлади од  18 години  што е против правилата на користење, компанијата Гобекс Плус Дооел не сноси никаква одговорност за последиците од таа активност.  Кога крајниот корисник ќе преземе некои активности на веб страната, како на пример отворање на нова лична корисничка сметка, нарачување на производ или услуга, пополнување на анкета или контакт форма ,објавување коментар или други активности , при испраќање на повратни информации компанијата Гобекс Плус Дооел може да побара од крајниот корисник да обезбеди некои информации за себе како што се: име и презиме, точна адреса(улица,број,град,поштенски код),валидна емаил адреса, телефонски број, датум на раѓање, информации за вашата кредитна картичка, датум на важење, код за авторизација и други информации поврзани со крајниот корисник при што споделување на овие податоци е одлука само на лицето кое го креира новиот профил.

Ако крајниот корисник не ги обезбеди задолжителните информации за одредена активност кои се бараат, нема да добие дозвола да ја продолжи активноста. Компанијата Гобекс Плус Дооел нема да ги сподели личните податоци  на крајниот корисник, освен ако не е во целост пополнето барањето за лични податоци.  Личните податоци компанијата Гобекс Плус Дооел ќе ги користи  за испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализа на податоците, обработка на кредитна картичка и слично и ќе ги сподели  вашите лични податоци како краен корисник со дистрибуција, сервис провајдери на производи,испорака на пакети,испраќање на пошта и слично.

Со цел заштита на податоците компанијата Гобекс Плус Дооел презема многу мерки на претпазливост за личните податоци, но за жал не постои пренос на податоци преку интернет или преку било која бежична мрежа која може да биде 100% сигурна. Поради тоа ние спроведуваме безбедносни мерки за заштита на податоците и не можеме да ја гарантираме безбедноста на било кои информации пренесени преку вебсајтот www.zen.mk  и компанијата Гобекс Плус Дооел не е одговорна за било каква постапка од трета страна со таквите инфорации.