Услови и правила на користење

Нашата компанија Гобекс Плус Дооел обезбедува  интернет услуги на своите крајни корисници преку веб страната www.zen.mk кои се  состојат од  обезбедување на  информации поврзани со нашата понуда на производи и  услуги, управување со содржини,процесирање на нарачки и вршење на финансиски трансакции.  Условите и правила за користење  се во функција на  пропишување  јасни правила  за користење на веб сајтот www.zen.mk  наменети  за крајните корисници

Со самото посетување на веб сајтот  www.zen.mk крајниот корисник изјавува  дека  е целосно запознаен  и се согласува  со Условите и правила на користење на веб страната  со што воедно се  обврзува на нивно почитување при користење на веб сајтот без  простор за исклучоци. Во случај корисникот да не се сложува со било кој дел од правилата и  условите пропишани со  Условите и правила на користење и Политиката на приватност или е помлад од  18 години треба веднаш да престане со користење на овој веб сајтот .

Крајниот корисник го прифаќа фактот дека веб сајтот е во приватна сопственост и сета интеракција и комуникација  која се одвива на веб сајтот мора да биде во согласност со Условите и правила на користење. Во случај на прекршување на  Условите и правила на користење може да дојде до покренување на граѓанска постапка.

Користење на веб сајтот е лично право на крајниот корисник и во никој случај не може да се пренесе на други физички лица ,правни лица или корисник овластен да потпишува други поединци или правни лица.

Крајниот корисник го прифаќа фактот дека постои можност за  прекин на услугите во одредени ситуации  или проблеми поврзани со настани кои се надвор од контрола на компанијата Гобекс Плус Дооел и одговорно се согласува дека компанијата Гобекс Плус Дооел не  одговара за било каква загуба на податоци или  грешки кои можат да настанат за  време на користење на  интернет пренос на податоци.

Крајниот  корисник е лично одговорен за доверливо чување на своите лозинки и заштита на своите приватни податоци при користење на веб сајтот. Крајниот корисник се согласува со фактот дека пристапот кон интернет понекогаш може да биде повремено недостапен, ненадејно прекинат или исклучен.

Компанијата Гобекс Плус Дооел го задржува правото во секое време да ги менува информациите кои ги споделува или да го  прекине пристапот кон податоци во секој сегмент од нејзиното  работење без никакви ограничувања сметајќи ја  и опремата за пристап и користење на овој веб сајт  на неопределено време  без  обврзување за  предходна најава и образложение.

Доколку смета дека е потребно компанијата Гобекс Плус Дооел може во секое време да ги менува карактеристиките на веб сајтот, да го прекине текот на информации, да прекине со споделување на нови информации, да ја намали брзината на текот на податоците, да ги менува своите услуги и сервиси, да го менува начинот на работење и Политиката на приватност  без  обврзување за предходна најава или образложение  и без никакви ограничувања. Поради тоа препорачуваме крајниот корисник од време на време да ја проверува содржината објавена во делот со Услови и правила на користење и Политиката на приватност со цел запознавање со промените.

Континуирано користење на веб сајтот значи дека крајниот корисник се согласува на сите можни нови измени во  начинот на делување на компанијата во сите сфери од нејзиното деловно работење Гобекс Плус Дооел и веб страната  www.zen.mk , како и во сите измени  содржани во Условите и правила на користење и Политиката на приватност.

Крајниот корисник е самостојно одговорен за стекнување и оддржуање на компјутерска опрема (целиот хардвер и софтвер кој го користи)  и сервисни услуги за пристап кон Интернет, како и сите трошоци кои произлегуваат од истите при што компанијата Гобекс Плус Дооел се оградува од одговорност за било каква можна штета на опремата и сервисните услуги кои крајниот корисник ги користи за пристап кон интернет  и сите можни новонастанати трошоци во врска со нив.

Крајниот корисник не смее да ја користи  веб страната за да пренесе или објави информации  и материјали кои на било кој начин ги кршат правата на другите, имаат заканувачка природа или  се на било кој начин во спротивност со законот, содржат навредлива содржина, клевета, поттикнуваат насилство, поттикнуваат на незаконски активности и омраза на национална или религиозна определба, содржат вулгарна или недолична содржина или на било кој начин вршат дискриминација.

Крајниот корисник  не смее да го користи веб сајтот за да пренесе или објават информации поврзани со рекламирање , пролонгирање на религиозна определба или политичко убедување.

Сите материјали содржани на веб страната www.zen.mk се ексклузивно право на компанијата Гобекс Плус Дооел или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки или правата за дизајн.

Било какво копирање и дистрибуција на податоци во целост или во  делови, како и поврзување или менување на веб страната и на податоците од веб страната е најстрого  забрането без писмена согласност од компанијата Гобекс Плус Дооел.

Прекршување на општите услови и употреба може да бидат причина за покренување на граѓанска постапка или гонење на сторителите за прекршување на авторски права, заштитен знак и или права на било каква форма на интелектуална сопственост.

Веб страната содржи материјали заштитени со авторски права, заштитен знак, дизајн и други информации кои се опфатени  со други правни лица или ентитети, вклучувајќи и неограничувајќи се на: слики,видео,графика,музика, звук, софтвер, текст и целата содржина на сајтот www.zen.mk  во согласност со македонските правила и прописи. Корисниците не можат да ги пренесуваат, објавуваат или изменат во трансфер или продажба, создаваат изведени дела или на било кој начин експлоатираат било која содржина ,во целост или во одреден дел. Не е дозволено копирање,редистрибуција, реемитување, објавување или комерцијално користење  на преземени содржини од веб сајтот без писмена согласност од Гобекс Плус Дооел.

Компанијата Гобекс Плус Дооел не се обврзува  да го извести крајниот корисник или да му помогне да утврди дали материјалите се предмет на авторски права. Крајниот корисник е одговорен за било каква штета што може да настане како резултат од прекршување на авторски права, заштитен знак или друга злоупотреба на интелектуална сопственост.

Крајниот корисник е исклучиво самостојно одговорен за користење на веб страната www.zen.mk и компанијата Гобекс Плус Дооел не гарантира за последиците кои можат да настанат од користење на оваа веб страница, или за точноста и доверливоста на податоците и содржината,како и за користење на производи или услуги од оваа  интернет страница.

Компанијата Гобекс Плус Дооел не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење, совет или изјава која е објавена на вебсајтот www.zen.mk од никого кој не е овластено лице од компанијата. Под никакви околности компанијата нема да биде одговорна за штета или загуба која произлегува  кога крајниот корисник се потпира на информациите добиени преку веб сајтот www.zen.mk. На крајниот корисник му паѓа одговорноста да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, став,совет,мислење или било кој друг тип на податоци достапни на веб сајтотwww.zen.mk

Компанијата Гобекс Плус Дооел нема да одговара за никакви грешки, неточности, или други дефекти, несоодветност или неизвесности на информации содржани на овој веб сајт,како и за било какво одложување, успорување или прекин во трансфер на податоци до крајниот корисник или за било која штета што произлегуваа од тоа,без оглед на причина или времетраење.

Крајниот корисник се согласува да ја обесштети и воедно  нема да ја смета за одговорна  компанијата Гобекс Плус Дооел против сите барања за штети и надомест на штети или трошоци, вклучувајќи  правни трошоци кои можат да произлезат од користење на страната  и сите други можни надоместоци.

Компанијата  Гобекс Плус Дооел го задржува правото да го прекине деловниот однос  со било кој од нашите крајни корисници во секое време. Компанијата Гобекс Плус Дооел може да ги прекине лозинките  или корисничките сметки на корисникот  во било кое време при случај на несовесно однесување или прекршување на било кое правило од условите  и правила на користење.